Плочката е нарачана готова, не знам од каде, ама е профи направена, со заштита, позлатени падови и сл. Не ја лемев јас, веќе беше залемена, но мора да кажам катастрофално, како да ја лемело некое прваче, морав целата да ја исчистам и прелемам, дури имаше и два комплетни прекини. Штета, бидејќи употребените делови се првокласни, јас кога би го правел од нула дури и би користел и од оној убавиот калај со сребро и бакар внатре. Иначе плочката е еднослојна и може лесно да се изработи во домашна варијанта.
Готовиот предзасилувач јас само го пробав и одма си го зема муштеријата, така да не го слушав. Но, пред да го ставиме во кутија стоеше на една даска неколку години и така си го слушаше муштеријата, колку што знам доста беше задоволен од него.