Зошто да не се стави на макс backlightot кога диодите се заменети со соодветни диоди, и напонот си е како што треба ?
Ова општо не е паметна работа.
Над 90% од проблемите со LCD телевизорите/мониторите, спаѓаат во три категории.
1) Проблеми во напојувачка секција. Најчесто подуени електролитски кондензатори, но може да се јават и други проблеми (пробиен SMPS трансформатор, изгорени SMPS контролери, зезнати оптокаплери, пробиени диоди, итн.). Тука спаѓаат и проблемите со напојувањата за неонките (CCFL) кај постарите модели на LCD телевизори.
2) Проблеми со неонките (кај постарите LCD телевизори). Најчеста ситуација е скршена неонка, па не работи ни едната ни другата (ни долната ни горната неонка од екранот), но имаш и ситуации каде што едноставно, со време... веќе престанува да проведува гасот во неонката. Како и да е, имаш три опции: фрли го мониторот/телевизорот, смени ги неонките (ова веќе не е опција бидејќи ги нема да се купат повеќе кај нас) или смени ги со LED strips (моментално, најевтина, но и најмакотрпна варијанта).
3) Зезнати LED диоди (кај поновите LCD телевизори). Кај телевизорите, најчесто диодите се сместени во таканарчени „кади“, а кај мониторите по краевите на LCD екранот (најчесто горе и долу, исто како што претходно правеа со неонките). Без разлика, изведбата може да биде сериска, паралелна или комбинирана. Кај сериските изведби (ова е најчеста ситуација кај LCD телевизорите), ако една LED диода откаже, сите не работат (логично, нема кој да го затвори колото). Ако ја преспоиш изгорената LED диода, ќе проработат останатите, но сметај дека ќе се јави дополнителен напон кој ги товари LED диодите уште повеќе од претходно. Ако ја смениш изгорената (изгорените) LED диоди, напонот на краевите на другите LED диоди нема да порасне. Без разлика, ако еднаш изгорела една LED диода, паметно е backlight-от да го намалиш бидејќи очигледно е дека ова е маана на тој модел (кој и да е). Ако не го направиш ова, ќе треба телевизорот да го отвараш на 5, 6 месеци и да менува по една или 2 LED диоди. Вака, со намален backlight, мирен би требало да бидеш барем година или две... можеби и засекогаш.