Време е да и се вратиме на плочкава односно напојувањево. Најверојатно одамна не сме во 'ќар', но да ја завршиме работата.
Да се навратиме малку на последниот тест, односно единствениот тест до сега кој вклучуваше проба на напојувањето на мрежен напон. За време на тестот не се случи ништо, но беше потврдено дека напојувањето добива соодветен напон на влез (на излез немаше знаци на живот). Колото беше активирано со оригиналниот интегралец и еднаш со заменски мосфет, еднаш без - без промена на резултатот.
Го повторив овој тест, но овој пат врзан на шуко со сопствен 'паѓачки' осигурувач (кој после еден електричен потрес бев потсетен дека е безполезен доколку склопот е обратно поврзан на друг шуко). После можеби не цела минута операција, напојувањето се претвори во скара - со други зборови, изгоре R8 (видно, единствено тој).
Колото беше вклучено на мрежен напон, со заменети фаза и неутрално, и изваден мосфет. На негово место односно на пристапите каде што би биле врзани Gate и Source поврзав мултимер и осцилоскоп (да, конечно најдов - и самиот мина низ поправка). Мултимерот беше сетиран на подрачје AC 20V (очекуваниот сигнал е периодичен, па сметам не би биле нешто попрецизни со DC подрачје).
Фасцинантна приказна, но на следнитe цртежи е објаснето сето ова:
Долниот цртеж го илустрира очекуваниот резултат.Во моментот на пишување, обидувајќи се да ја најдам и допишам вредноста на R5, увидов дека од некоја причина не постои. Односно, незнам што се случило и во кој момент сум го извадил (и со која цел). Истотака неможам да утврдам на колку тестови се повторила оваа грешка.
Сега е јасна причината за прегорување на R8. Всушност причината е иста - протекување на преголема струја. Без отпорникот R5 па дури и со несоодветен сооднос на напонскиот делител R5-R4, Source-от на транзисторот добива погрешна вредност за напонот.
Единствениот корисен заклучок кој претходеше на овој тест е следниотМосфетот кој го купив како заменски има вредност за Vgs = 4.5V, тоа значи дека потребна ни е потенцијална разлика од 4.5V помеѓу Gate-от и Source-от на мосфетот. Gate пинот на мосфетот е врзан за Output пинот на интегралецот (UC3843B) кој преку квадратна функција го менува напонот помеѓу 30V и 0V , преку единствен отпорник R3 кој би можел единствено да ја регулира струјата, притоа не влиаејќи на фреквенцијата, фазата и напонот.
Source пинот е поврзан во средина на напонскиот делител, односно висината на напонот на пинот е во зависност од двата отпорника, додека пак фреквенцијата и фазата би биле исти како на Gate-от.
Според шемата во претходните слики, заклучуваме дека во случај кога сигналот е висок (+30V на Output), напонот на Gate е 30V, додека пак на Source 'паѓа' зависно од делителот.
Нас ни е потребен пад од 4.5V во однос на Gate-от, затоа што нели Vgs = 4.5V па оддтука пресметуваме сооднос на отпорностите 1 : 5.7 за R4 : R5Бидејќи мосфетот е активиран напонски, ме буни потреба од ниски вредности (како што заклучивме од примерите во праксата) за R4 i R5. Исто така, колку е витална улогата на R3?