Тие кондензаторчиња имаат многу помал еср за разлика од електролиите, крепат повисок напон и имаат поголем проток на струја во зависност од капациретот споредбено со ел.конд. Кога филтрираш мрежен напон, рано-разни шумови и пикови ќе помонат низ трансформаторот и диодите и ќе стигнат до електролитите. Сите овие работи ќе ги товарат електеолитите ( иако во мала мера ) а добар дел од ними ќе поминат и низ електролитите не исфилтрирани ради нивмата висока фрекфенција.
Слично, кога се вади максимумот од некој уред, први на удар се електролитите и индукторите што се користат како филтри ( ако ги има ). Овие мали кондензаторчиња се доста способни да се справат со тој удар бидејќи имаат добар проток на струја т.е. брз одзив, па товарот се споделува.