Имам еден проблем, знам дека сте мислеле добро кога сте ја додале оваа опција (доколку по определено време user-от реши да пише уште еден post, ќе се додаде новиот текст на претходниот и пушува „споено мислење“), за да не се трупаат многу post-ови од еден user на еден topic и плус да не се spam-ува со многу post-ови еден по друг, како и фактот дека на овој начин многу user-и можат вештачки да си го дигаат post count-от само за да можат на лесен начин да влезат во VIP секцијата или едноставно да се фалат со тоа дека имаат голем број на post-ови, или не знам што.
Но има еден проблем, доколку некој сака да post-ира нов post кој се разликува во контекст од претходниот, ќе му го јави како споено мислење и не го јавува на почетната страна на форумот во секцијата „последни мислења“ или „последни теми“. Еве на пример, јас сакав да post-ирам прашање за уште една компонента во topic-от „Што ли е чудово“, но бидејќи јас последен имам post-ирано во тој topic, ќе ми го јави како споено мислење и никој нема да го види прашањето, се додека не реши некој повторно да пише во тој topic, а прашање е дали некој и после тоа ќе го види.
Значи прашањето е: како можам да го тргнам „споено мислење“ делот и да ми се појави нов post без да морам да чекам определен временски период (колку што имам забележано, мислам дека е еден ден временскиот период, ама не сум сигурен) за да може да ми го јави post-от како нов post, а не како „споено мислење“.