Дека се вади злато од електронски уреди имам гледано емисија која ја кажува целата пострапка. Фабрика, ејјјј какви погони имаат за таа намена. Огромни се верувајте. Управителот кажуваше дека многу мала количина на злато се вади, односно се рециклира. Се користат најсовремени машини и процедури. Машините за вадење злато ги товара багер со корпа која бери неколку тона стара електроника. Ајде во тој случај тоа се исплатува, ама ако се трткаме со матични плочи на парче, че ни треба цел живот да го поминеме во крпшење и варење на матични плочи за неколку грама злато. А каде се болестите од киселини, хемикалии и така натаму.
Со рециклирање се занимавам и јас, ама не со злато
Пред крајот на календарската година во отпад фрлам стари железа кои останале како неупотребливи материјали од мојата дреарска струка. Има еден откад што ми ги откупува и шпоновите од прохром и месинг. Парите отпадот ги префрла на мојата трансакциска сметка и после тоа си пополнувам даночна пријава дека имав трансакција и чиста работа . Доколку е потребно и данок ке си платам.
Познавам еден што не можеше да си дозволи костум од Pierre Cardain кој чини 500 евра и човекот береше пластични шишиња и тоа неколку години и на крајот го купе саканиот костум. Затоа велам повеќе се исплаќа рециклирање на пластични шишиња отколку злато од матични плочи
Споено мислење: [time]20 Декември 2016, 14:20:44[/time]
Заборавив да напоменам дека златарите не откупуваат ниту позлатени ланчиња, обетки и прстени. Ако некој знае да вади злато од позлата, тоа најдобро знаат златарите, но и тие не покажуваат никаков интерес, така да не им се исплатува ниту нив