како што знам неможе да се користат непдиумски магнети зашто ако заваруваш со нив лакот ке ти бега
Да, веројатно ако се заварува со електричен швајц апарат (со или без гас CO2 или друг), ако лакот би го пресекувал магнетното поле од магнетот, би се отклонил.
Но истото може да се користи за заварување не-електрично, она со двете боци, незнам како се викаше, оксигенски,....
Овде на youtube video-то, еден од "триаголниците" е составен од две црвени плочки (од магнетен спроводлив материјал) и меѓу нив има магнет.
Магнетното поле се затвора од двата црвени материјали, преку материјалот кој се швајцува. Како што видов се швајцува настрана од нив. А не се швајцува измеѓу двата црвени материјли кои се многу блиску еден до друг, само раздвоени од димензиие на магнетот.
Принципот е исти како што се магнетите што се користат во мебел. Магнетот е на едната стана прицврстен на мебелот - а магнетот се состои од магнет и две метални магнетни плочки. А пак на другата страна од мебелот е само метална магнетна плочка.
Плус, треба да се земи во обзир, овие дека би држеле само магнетен материјал - пример железо. Ако се заваува алуминиум, нема да држат.