Author Topic: Каков плеер користите за слушање музика ?  (Read 2996 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Еве го мојот :)



Интересно е што е поддржан и од Win8
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

TeslaBt

  • Guest
И од 10ка е подржан Winamp. Ама јас користам foobar2000.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Интересно е што е поддржан и од Win8

Нема ништо интересно околу тоа, користи стандардни Windows библиотеки кои постојат уште од Win98 па наваму ;).

Инаку и јас користам Winamp, но само поради тоа што скоро цела колекција музика уште на времето ја исконвертирав во mp3PRO, а plugin за playback имаше само за Winamp, никогаш не се објави source-от и никогаш не се направи DirectShow plugin, така да, заглавен сум со него :S. А да бидам искрен, и интерфејсиве на новиве програми некако ми се многу комплицирани. Не ми треба кој знае што, само сакам да има посебен прозорец за playback, EQ и playlist, како што има Winamp. Го имам пробано AIMP, не ми се допаѓа. Пробав да го подесам да личи на Winamp, не ми се допадна :S, пак го имаше она со табовите во playlist-ата :S. Просто... една playlist-а, не ми требаат 100 ::). А и тоа што немаше баш асална поддршка за mp3PRO plugin-от од Winamp (као демек работи, ама знаеше да го crash-ува AIMP-от ::)) некако ме одврати од целата идеја. А да конвертирам цела колекција на музика во некој друг формат или пак во класичен mp3... некако ме мрзи :S. Најверојатно ќе работи уште долго време и под Win10 и уште понови верзии, така да, немам намера во брзо време да го напуштам ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Rodan

  • Guest
На почетокот кога се појавија МП3 и другите дигитални форми на конвертирање музика,ревносно се борев против нив :D ........Покасно морав да ги прифатам 8),па користам WINAMP и гледам фајловите да бидат во FLAC,ова за на работа.

А за дома,последниве неколку години слушам радио преку Network player,Denon DNP-730AE ............
и си пуштам музика на цд плеер и на грамофон ...........цели албуми пуштам,ритуал е тоа-го разгледуваш омотот,па кој свирел на плочата, кој е продуцент,бонус траки итн........неспоредливо со ЛАДНИОТ WINAMP ::)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Под услов да имаш пари да си го дозволиш тоа. Не дека не сакам да трошам пари за такви работи, ама едноставно буџетот не ми го дозволува тоа. Имам определен број на оригинал плочи и дискови, ама тоа е многу мал процент од мојата музичка колекција.

И јас преферирам музиката да ми биде во FLAC, ама многу ми зафаќа, а премногу музика имам и затоа користам backups, од кои најголем дел се во FLAC, а за секојдневно слушање, ги слушам во mp3PRO (најголем дел, нешто имам и во HE-AAC кодирани на 96kpbs со FDK-AAC).

Ако не ти пречи интерфејсот, подобар избор ти е foobar2000 како плеер. Winamp си користи свој playback engine кој се врзува со DirectSound под Windows. За разлика од тоа, foobar2000 може да користи и ASIO. И Winamp го може ова, ама малку buggy му е ASIO поддршката за разлика од foobar2000 ;).

Баш имам правено споредба на двата плеери, дефинитивно подобар плеер е foobar2000. За жал, интерфејсот му е... барем според мене, многу лош. Ме потсеќа на видео плеер. Има скинови за него, имам видено и еден кој е скоро ист како Winamp Classic скинот, ама за жал, нема mp3PRO plugin за foobar2000, освен некој Winamp wrapper plugin кој не функционира баш како што треба, така да, не можам да го користам mp3PRO plugin-от од Winamp баш беспрекорно под foobar2000 и затоа решив да не се замарам многу многу и да си го користам Winamp ;).

А моментално, над 95% од музиката ја слушам на PC или portable player... веќе не гледам поента на CD да слушам музика... освен ако не сум во некој носталгичен mood ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Rodan

  • Guest
GigaWat,незнам која возраст си....но јас сум ти OLD SCHOOL брате.......од крај на 80-ти собирам музика....прво на плочи па на касети(промашена инвестиција ,од денешен аспект-технички инфериорна опција но тоа е),цд ,и повторно се во мода(ирелевантен збор) винилите.

Така да,ке го пробам фообар 2000 сигурно(изгледот не ми значи ништо,содржината е битна),но јас сум од тие што го 'мирисаат' коверот на албумот.....значи како што реков тоа е цела сеанса,уживање,исполнување.......кога слушам музика,целосно се посветувам-нема читање уз музика,нема тв уз музика........и преферирам цели албуми.Па тука доаѓаат цели пропратни информации околу изведувачот,кој што свирел на таа и таа плоча,кој ги продуцирал песните,кој се надоградил на таа плоча и го раширил звукот и правецот.........абе уживанции.

Види,како и секое хоби ,и тука се забегува малку,некои станаа vinyl junkies,не признава никој друг носач на звук освен ПЛОЧА.......

Ма супер сме сите.........се додека е уживање и задоволство.........на врв од сето ова има уште една работа(читај-слатка мака).Тек сега можам да ги гледам бендовите што сум ги слушал пред 20-25год.Па собирај пари за по белиов свет,па м'кни се по патишта ,вози цела ноќ за да ги гледаш во Београд,Виена....за да стигнеш назад на работа по два дена............убав хаос.




Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ма супер сме сите.........се додека е уживање и задоволство.........

Да, ова е најважно, се сложувам ;).

А инаку, да, и јас бев во таков „филм“. Фати ја плочата или CD-то, извади го, гледај го cover-от, па читај, ова она... веќе го немам тој ќеиф што го имав порано за вакви работи. Но, секој со своето.

А очигледно сум помлад од тебе, бидејќи јас го фатив CD boom-от, средина на 90-ти до кај 2000 и некоја ;). Не дека сум немал касети, далеку од тоа, и јас имав некоја колекција на касети која ја чував до пред некое време и на крај... се тоа испофрлав... пред се бидејќи голем дел од таа музика веќе ја имам во дигитален формат, без разлика дали е CD или некој тип на дигитален фајл.

Чувам и VHS плеери и декови, ама пред се за дигитализација ;D. Ми имаат дојдено неколку пријатели со видео или аудио снимки од детство, немаат како да ги префрлат во дигитален формат :S, a VHS плеери или декови се веќе историја, ретко кој чува дома касетофонче или нешто слично, а и да има, кастеникот одамна веќе не работи ;D, така да, често немаат како да ги пуштаат аудио снимките :S. Слична ситуација е и со VHS плеерите. Чувам дома еден VHS плеер и еден VHS рикордер. И двата се исправни, арно ама, сега имаат друга мака... нема кај да најдеш преносни гуми, ластичиња, ова она, а старите се истегнати или се имаат скинато... се снаоѓаш како знаеш, импровизираш :S... тоа е тоа, технологијата ги има прегазено овие уреди и веќе нема делови за нив :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."