Најдобро е да ставиш оригинален акумулатор, но ако нема подобро е да ставиш малку послаб (4Ah) отколку појак (7Ah). Значи ова важи за кинеските скутери бидејќи тие се направени на „граница на функционалност“ што значи секаква модификација ќе ти даде полош резултат од тоа што е. Значи: неговиот алтернатор едвај може да издржи светла од 35W и да полни акумулатор од околу 5Ah. Доколку ставиш посилни светла или појак акумулатор (кој бара поголема струја на полнење) за брзо нема да се дополнува доволно акумулаторот и ќе се расипе многу брзо (ќе сулфатизира). Значи ниту да менуваш сијалици ниту да ставаш појак акумулатор туку добар е тој што го напиша.
Исто така да не се става акумулатор од UPS наместо акумулатор што е наменет за палење бидејќи тој од UPS има шанси да се стопи (имам видено такви проблеми).
p.s.: Ова за пресметка на Ah ќе има посебна тема на форумов, засега доволно е да знаеш дека 1 Аh (Ампер час) е доколку батеријата може да дава 1A струја во траење од 1час (и тогаш да е веќе празна). 4Ah значи дека акумулаторот може да дава 4A во траење од 1час или 1А во траење од 4часа (таа е математиката) меѓутоа никаде не е наведена максималната струја на празнење што во суштина е најбитна за палење.