Бидејќи, колку што разбрав нема да чепкаш ништо во програмата на контролерот, тогаш најдобро ова да го решиш на еден од следните начини:
1) Реле со работен и мирен конткт. На работниот го приклучиш едниот сензор, а на мирниот другиот сензор и ќе направиш електроника-крпеница за управување со релето.
2) Наместо класично реле две рид релиња со намотки. Ги имаше порано по телефоните. Сега незнам дали се продаваат, плус електроника за управување на релињата.
3) Најелегантен. Да употребиш логичко коло селектор (мултиплексер) како на пример CD4019 или слично. Тоа е капија со два влеза (A и B), еден излез (Q) и еден контролен влез (S). Со контролниот влез (S) одредуваш кој од влезовите (А или B) ќе се појави на излезот Q. Се разбира, ти треба и дополнителна логика за управување со S. На A ќе го закачиш едниот сензор а на B другиот. Тоа се сензори со дигитален интерфејс.
Инаку, точно е тоа дека тие може да дојдат на иста линија, но треба и програмата на контролерот тоа да го подржува. Бидејќи ти нема да менуваш програма, тогаш мора да одбереш некое од горните решенија.