Не ти се исплати да правиш вакво нешто. Порано се правеа, ама немаше готови да купиш. Сега има фабрички со таква цена што тешко дека ќе ја постигнеш во самоградба - освен ако имаш на располагање трафо и моќни транзистори, или пак ако сакаш да експериментираш.
Доколку сепак се решиш, околу твоите прашања:
1) Околу амперажата на акумулаторот, за да добиеш 500 вати на излез треба 500/12 = ~42 А струја да може да даде акумулаторот, што би значело акумулатор со капацитет од најмалце 5-6 Ah, но ова е апсолутен минимум така да би ти препорачал дупло поголем или повеќе
2) Трафото (во најголем број на шеми) е 2х12 : 220 волти, односно со среден извод на примарната страна.
3) Моќноста треба да е онаа која ќе се користи - значи во твојот случај 500 W.
Инаку фабричките се ефтини затоа што работат на некој друг принцип, (незнам како, ама сигурно тој од линкот што ти е нема во него 500 ватно трафо..
)