Нормално е при пишување на учебник или стручна статија во списание да се користат статии од други автори, списнија и слично. Никој од нас не ја измислил сателитската телевизија или пак било што друго од електрониката. Тие луѓе што ги измислуваат тие работи баш и немаат време за пишување на статии по списанија. Брошурата "Сателитска Телевизија" е издадена 2005 или 2006 година а учебникот е од 2011. И јас ги видов од некаде цртежите па седнав и ги прецртав. Сигурно не се качив на ракета па ја гледав земјата и сателитите како се поставени (повеќето цртежи се однесуваат на тоа). Но, не ги скенирав и ги обработив во Paint Brush како што тоа го направиле авторите на учебникот. Како прво, тоа немаше никако ни да помине кај уредникот на Емитер. Немаше да изреагирам ако тоа беше 1 цртеж, дури и ќе ми беше мило, но, ти директно да пренесеш 12 цртежи без никаква обработка и на тоа да ставиш твој потпис ... е со тоа нема да се сложам. Па дури не се ни потрудиле и текстот многу да го променат. Па барем да ја ставеле брошурата во список на користена литература.....Не бе брате мили.. бутај..све ќе се изеде. Дај да земеме ние хонорар за учебникот. Тој патем изнесува околу 2000 евра. Не е малце. Оди направи го тоа на друго место. Еве, не оди далеку..во Србија на пример.