Баш идентична, да, најверојатно нема да најдеш, ама некоја слична, најверојатно ќе најдеш. Компонентите се тие, интегрираното коло е тоа, така да, не можат да измислат „топла вода“ со него, сите шеми ќе бидат, горе долу, слични. Вредностите на компонентите најверојатно ќе се разликуваат, но секогаш може да ги исчиташ од оригиналната плочка кои се вредностите на твојата изведба (плочката)
. А и да е некоја компонента изгорена и не можеш да ја исчиташ што е, ниту пак која и е вредноста, симни неколку шеми, види што компонента е и кои се вредностите на истата во шемите и во „консултација“ со datasheet, избери некоја вредност која, според тебе, би била адекватна
.
Често сум правел вакви „мајмунлаци“ кога немам шема на располагање
. Па, да бидам искрен, ретко да сум погрешил или да сум направил погрешна проценка
. Води се по логика и во 90% од случаите, нема да погрешиш
.