Пошто ги имав дома сите делови, а и одамна не сум направил нешто со лампи, во овие досадни карантински денови го составив овој предзасилувач од APEX
.
Ме изненади колку добро звучи, нема никаков шум, брум или сл., со сигнал од мобилен на влез дури и на моите ефтини звучници се добива оној типичен „топол“ лампашки звук. Шема, плочка, монтажна и список на делови на сликите подоле, додека плочката прецртана во Sprint ја има закачено најдоле.
Може да се користи ECC88 или PCC88, потполно се исти, со тоа што греењето кај ECC88 е 6.3V наспроти 7V кај PCC88, па затоа ако се користи ECC88 едната диода D4 или D5 кај стабилизаторот треба да се замени со краткоспојник. Исто така мислам дека треба да се намалат вредностите на R13 или C7, бидејќи со овие вредности на шемата треба повеќе од три минути да поминат за да се вклучи релето. Иначе релето ги држи краткоспоени излезите додека да поминат сите преодни појави по вклучувањето и да се стабилизира предзасилувачот.
На стабилизаторот треба да се монтира некакво ладилниче, ова на сликите е повеќе од доволно, може комотно да се држи со рака и после подолго време. На мосфетот не му треба никаков ладилник. Иначе бидејќи немав IRF830 му ставив IRF730, првиот е за 500V, вториот за 400V, во случајов не прави никаква разлика.
Готовиот предзасилувач: