Ако одиме така,еве една приказна за мојот учител Петар Крајчев 5РК,веројатно најдобриот телеграфиста на овие простори ( за оние кои не го познаваа).Еве една приказна за него,каков човек и радио-аматер беше: Беше на работа во Центарот за известување и тревожење,а јас живеев до него на 50 метри. Ми се јави едно попладне и ме замоли да дојдам кај него.Тој упорно покушаваше да воспостави врска со Швајцарија ,со некој колега кој случајно работел во фармацевска фабрика и да добие некој лек од него .По 45 минутна потрага ,врската беше воспоставена и лекот нарачан.Истовремено јас се координирав со службата за трансфузија и требаше да дознаеме со кој авион ке пристигне од Швајцарија лекот,да се земат три единици обработена крв од Велешката болница во фрижидерче,да се појде до аеродром,пречека авионот и земе лекот,па право во Скопје во болница.Борбата траеше до 23 часот ноќта.Кога стаса авионот под хитно ни го донесоа лекот,а милицијата со две свои коли не пратеше со ротационо светло до Скопје.Таму чекаше екипа хирурзи ,кои веднаш извршија операција и му го спасија животот на некое 17 годишно момче.И јас имав отприлика толку! Чичко Петре само побара да ни дадат по еден чај и веднаш се вративме во Велес.Беше февруари ,а надвор беше -5 степени под нула.Утредента го сретнав Др.Торица,кој беше шеф на трансфузија во Велес и тој ми кажа дека ова на 5РК не му е прв пат,веќе неколку пати на овој начин доставувал хитно крв за Скопје ,барал лекови и помагал.Петре не зборуваше многу за тоа,ама секојдневно луѓето зборуваа за вакви случки поврзани со него.Последната наша заедничка акција беше во времето кога Југославија се распаѓаше.Јас сум сведок колку македонски војници тој успеа да спаси,што од Босна и Србија,Хрватска,ама и во Велес,кога ЈНА масовно мобилизираше и испраќаше на фронт македонски регрути.Но.тоа е за друга приказна.Само да знаете што сме имале во Велес.Секој респект за 5 РК,големо срце имаше.