Ова шема е многу стара ,уште од времето кога автоматиката се сведуваше на употреба на релиња .
Едноставно,ако сакате со 12V напојување ,реле,диода ,отпорник и електролит да добиете ефект на *тактер* - пали гаси-светло - што би рекол еден мој комшија
.Мислам дека не треба многу да објаснуван дека отпорникот го спојува на кратко електролитот,па кога релето отпушта тој се полни - спроведува и циклусот се повторува.Брзината на полнење празнење зависи од големината на електролитот и отпорникот од 100 оми ( пробајте и други вредности) .Значи,ако релето има контакти од 10 или 16 А ,може да поврзете многу низи лед диоди или сијалици на 12 V.Не се препорачува за халогенки и неонки.Добро е и евтино за реклами,светла во излог итн. Колку да ја имате шемата.