Хехе, и јас се заразив со овие саати, еден куп ги собрав во меѓувреме...
Пробај смени ги местата на лампата што не свети целосно и некоја друга, ако сите сегменти работат кога ќе ја ставиш на друго место лампата е исправна и проблемот е негде во електрониката, најверојатно во лош контакт со подножјето или дефект на некој од транзисторите или интегралците што ги побудуваат сегментите. Ако некои сегменти не светат и кога ќе ја преместиш на друго место тогаш лампата е неисправна, сум имал и такви случаи, ознаката и е ИВ-12, ако не се снајдеш за замена пиши ми ПП, имам десетици од овие лампи.
Не те разбрав баш за минутите, како тоа стојат, ако работи временската база треба да трепка средната лампа, а минутите стојат, единствено последната бројка се менува на секоја минута.