Здраво,
Ми треба помош. Проблемот е следен. Сабалје начекав паднат осигурач од wc-то. Почнав со изолирање на проблемот и дојдов до заклучок дека веднаш штом машината за перење алишта ќе биде уклучена во струја успева да го собори соодветниот осигурач. Уклучена во струја значи напонскиот кабел влегува во штекот. Не ни стигам до PowerON копчето. Значи осигурачот и штекот се изолирани, не е кај нив проблемот, проблемот лежи во машината за перење алишта.
Може ли мислење што проблем кај машината за перење алишта доведува до паѓање на осигурач. Претпоставувам дека е нешто околу струјниот кабел внатре во пералната, може нешто се има откачено. Од надвор е добар, не е прецвикан.
Благодарам,