И во моите активни системи ниеднаш не прегорел високотонец. Поголема е шансата дека басот ке изгори отколку другиот опсег. Тоа е некоја карактеристика за активните звучници, пасивниве се повеке прони на горење на послабите компоненти (среднотонци, високотонци).
Ама пази, многу значи и колку е компресирана музиката која се пушта. Лајв музика без компресор и лимитер најчесто има разлика од 10тина dB ако не и повеке. Такада сигналот е многу динамичен и има доста време и можност да се ладат драјверите измеѓу овие пикови. Поновите миксови имаат разлика од само 2-3dB динамичка промена, па буквално сигналите се самите од себе "клипувани". Јас самиот се занимавав со снимање и микс на музика некое време, и со други микс инжињери истото сме го зборувале.