Многу пати се случува да ви е потребно аудио поврзување кое нема да биде галвански (отпорнички или кондензаторски) поврзано помеѓу засилувачот и предзасилувачот. Ова најчесто се користи кај уреди кои се поврзани со едниот крај на фазата на градската мрежа (големи тиристорски бас засилувачи за концерти и засилувачи со електронски лампи) а и ако сакате да избегнете таканаречен Ground Loop (имате брум, зуење а не знаете од каде ви доаѓа). Дадената шема го решава проблемот: