Дечки,
Има едно семејство кое се многу сиромашни и имаат 2 деца од кое едното има пречки во менталниот развој, живеат во колема сиромаштија, пред некој месец им починал татко им, на жалост јас не бев тука да им изразам сочуство, иначе на секој можен начин им помагав (до колку што можев), сеа веќе од кога се вратив, детево дојде кај мене (стално така си подидува да гледа како работам) и ми вели многу сакам и јас да имам еден лаптоп, го цитирам „Тато ми велеше дека за брзо ке ми купел лаптоп, но ете сега го нема и нема кој да ми купи“ Стварно ме трогна тоа, и му реков дека може да има набрзо лаптоп.
Е сеа нај искрено од се срце би му го купил лаптопот (половен/подобар) но за некоја недела треба свадба да правам така да не сум во можност јас да му го купам.
Доколку има некој по дома некој постар лаптоп и да не му треба макар и да е послап ке се најдат некако делови доколку ги има да се појача во ред, размислував и за декстоп конфиругација, но искрено живеат во мало куќаре во кое една соба има минимални услови за живот и во таа соба едноставно нема место каде да се смети компјутерот.
Плус денеска на драга волја стариот телефон на „женами“ фатив и му го дадов на детето да има да се занимава се додека не му се најди некое лаптопче.
Не знам дали ја отворив темава на точно место, ако е на погрешно преместете ја.
Иначе голема благодарност и до Томи, што се понуди да даде 2 телевизори за еден предходен случај, но некако не можевме да се организираме со земањето, па најдов еден телевизор од еден пријател и тој му го дадов.
Да надополнам.
Знам како е да се живее во таква ситуација и плус да се изгуби некој близок..
И јас израснав без татко, и живеев со невработена самохрана мајка, од кој ми беше страм да побарам нешто да ми купи, па кога ке ми подареа нешто што стварно сум го сакал ми го разубавуваа скрос денот/месецот/годината... сето тоа благодарение на некој добри луѓе кој дел од нив исто како мене растеле, исто и нив некој ги усреќувал.. долги приказни.