Што се однесува до мене никогаш нема да сакам да имам кинески скутер. Тоа не значи дека ги деградирам сопствениците на кинески скутери, не! Апсолутно не. Темата добро кажува дека тука би сакал да размениме мислења околу нив. Тоа што велиш дека ти е интересно што ваква тема отвара некој што немал киунески скутер, не би купил таков бидејќи познавам еден куп луѓе што се навистина разочарани. Доколку Ти се одлуче за кинески скутер, јас се надевам дека ќе имаш пријатна забава со него. Проблемот со кинеските скутери е тоа што не се тестирани. Несоодветните материјали ги прават далеку неквалитетни. Дури и некои ги нарекуваат „смртоносни стапици„ Кина прави копии од се и сешто, копии од регистрирани патенти. Што се однесува до скутерите, прават копии на познатите марки како Априлија, Хонда, Јахамха и така натаму. Тоа се неодобрени копии или на некој начин „крадат модели„, многу од тие што имаат кинески скутери на некој начин станале самите механичари.
Во ред, има и луѓе кој можеби се задоволни, се надевам дека си и ти задоволен и ти посакувам да го возиш уште многу многу години. Јас го кажав мојот личен став кон нив. Јакоста на материјалите мене ми е струка, затоа верувај ми дека знам што зборувам.
Кинеските скутери се најголема конкуренција на пазарот на скутери и ги уриваат цените. Колку пари, толку музика, велат старите. Доколку некој се одлучи за кинески мотор од 2000-3000 евра тогаш тој најверојатно ќе биде поквалитетен од тие што се неколку стотина евра
На Youtube има еден куп видеа кој кажуваат за квалитетеот на кинеските скутери. Еве неколку од нив.
Мислења од еден експерт за скутери.
Pride Of Cleveland VONROAD scooter testPride Of Cleveland test of Roketa Carpi150POC report on Wildfire Scooter