Честопати,ако се сомневаш во електрониката,прво исчисти ги контактите на електрониката спрема главите и плочите- најпрвин со алкохол,а потоа механички со стругање,а на крај со тинол.Така имам повратено многу хардови.
Да да, добар совет
. И јас така имам средено HDD-иња
. И со контакт спреј може да се поминат, ама не од оној мрсниот, од оној сувиот
.
Исто така, ако станува збор за SATA HDD кој зеза (некогаш работи, некогаш не, некогаш на сред работа, кога е оптоварен, ќе почне да тропка или да гаси), а го напојувате преку конветор од Molex во SATA кој нема 3.3V напон за напојување или SATA конектор кој го нема петтиот 3.3V-ен извод, пробајте да го напојувате преку ваков конектор, со 3.3V. Ако немате на располагање таков конектор на ATX напојувањето, позајмете некое напојување или извадете од некое расипано напојување и залемете си го на вашето. На некои дискови стабилизаторите за 3.3V од кои се напојува електрониката за контрола се лошо изведени или лошо им е изведено ладењето, па не може да постигнат да ја дадат јачината на струјата која ја бара електрониката за контрола, па прегрејуваат и се гасат (овие новиве стабилизатори имаат и температурни заштити). Но, ако електрониката за контрола забележи дека има на располагање и 3.3V напон од SATA конекторот, од колото за напојување го елиминира овој 3.3V-ен стабилизатор и тој воопшто не работи. Всушност, целата електроника за контрола се напојува преку 3.3V-ниот rail од ATX напојувањето, а тоа може да даде многу поголеми јачини на струи од интегрираниот стабилизатор на плочката со електрониката за контрола на HDD-то
. Ова особено важи за SSD. Бидејќи SSD дисковите веќе немаат механички компоненти, тие веќе не го користат 12V-ниот rail. Стои поради backwards compatibility, ама најчесто е неискористен. На нив најчесто им треба само 5V-ниот и 3.3V-ниот. Бидејќи веќе скоро целава електроника работи на се пониски и пониски напони, кај SSD најоптеретен е 3.3V-ниот rail, па ако ги напојувате преку SATA конектор кој го нема 3.3V-ниот напон, можно е да се јават проблеми бидејќи дискот ќе го користи неговиот стабилизатор за конверзија на напонот од 5V на 3.3V и тој ќе биде преоптоварен, па можно е SSD-то да откажува на сред работа.