Можеби глупаво звучи, ама ни јас не сум сигурен. Ни сам не знам како да го објаснам ова.
Ова беше скоро пред две години. Отсекогаш сум сакал да снимам громови со видеокамера или аналоген фотоапарат. Со аналоген фотоапарат може да се слика гром доколку фотоапаратот се намести на статив и на позиција да е отворена блендата додека се држи сајлата за сликање притисната.
Јас отсекогаш сакав да гледам атмосферски празнења, тој феномен многу сакам да го проучувам. Кога невремето слезе десетина километри подолу јас излегов на балкун да снимам громови. Едно 10-тина минути снимав и се случе тоа што ќе го видите на клипчето. Бидејќи видеото беше неколку гигабајти ги конвертирав само последните секунди. Мислам дека громот удре во оградата на балкунот или некаде во дворот.
Интересно е тоа што не слушнав звук, ама сепак видов јака светлина и плава искра која доаѓаше директно во мој правец. Веднаш прекинав со снимање и се засолнив.
Бидејќи не сум добар во правење на клипчиња преку Вегас, ве молам пратете ја 8-мата секунда.
Последниот гром ја осветле ноќта и заприметете ја тополата која се наоѓа во дворот кај мене. Под клипчето ќе го видите дворот како изгледа денски и се гледа истата топола која е лево.
gromЕве ја и сликата како е ситуацијата денски
Пак ќе кажам дека не слушнав никаков звук, а снимав 10 минути со камерата.
Ова е прво видео, потаму ќе замолам еден мој пријател да го прави во вегас со Slow Motion па ќе стане малку појасно.
Ме интересираат вашите мислења околу овој настан. Навистина не знам дали избегнав удар од гром.