Author Topic: Кирилична поддршка на Windows XP  (Read 22501 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Кирилична поддршка на Windows XP
« Opened on 07.10.2009, Wednesday, 10:20:41 (Edited 31.05.2010, Monday, 14:10:31) »
Значи, можно е повеќето од вас веќе да имаат наместено да можат да ја користат кириличната поддршка (Македонски јазик), но сепак ако не ви е наместена некои знаат како да ја наместат а некои не.

Еве јас накратко да ви објаснам за да нема после забуни дека не сте знаеле како да подесите бидејќи незнаењето не ослободува од одговорноста.

1. Начин
Нај едноставно ги притискате копчињата Alt+ Shift од вашата тастатура и ви се менува подршката од латиница во кирилица;

2. Начин ( ако немате инсталирано/ поставено македонска подршка ):

2.1 Прво што треба да направите е да кликнете
Start --> Control Panel, тука барајте Regional and Language Options.



Откога ќе го отворите Regional and Language Options одберете го табот Languages и кликнете на Details....



Наредно ќе ви се отвори Text Services and Input Languages. Кликнете на Add... копчето од десна страна.



Сега ќе ви се отвори нов прозорец Add Input Language. Од Input Language паѓачкото мени најдете го FYRO Macedonian и одберете го.

,

Кликнете ОK и на претходниот прозорец што го отворивте треба да ви се појави [MK] FYRO Macedonian. Доколку го имате тоа, значи имате и системска кирилица. Кликнете повторно OK исто и на наредниот прозорец.



Со ова системската кирилица е наместена и јазикот (кирилица / латиница) се менува со Alt+Shift.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!