Ова шема е решение кое го употребивме со еден колега и добро работи на една машина која тој си ја изработи,а бараше 28V10А за напојување.После ова стабилизација /регулација се додадени и посебни стабилизации за +12V и +5V,ама во ова прилика не се шемирани.Исто и влезот : трафото е 36V 20A со 25А грец на ладилник и 20.000 mF 63V ( 4 x 4700 mF 63V) електролитски кондензатори.
Значи,даден е само стабилизаторот со 6 ФЕТ-а,зенерката е 15V.Постигнавме регулација од 0-42V ,струја 8А колку беше потребно.
Ставени се 3 х IRFP2907 , на ладилник 250 см2, со додатен кулер од РС.За проба врзав едно појачало од 100W на 40V и немаше никаков шум,а напонот остана стабилен и при 100% оптоварување на уредот.
Поради повеќе ( разбирливи) причини не бев во можност да направам фотографија на стабилизацијата ,која е изведена во *воздух* без употреба на печатена плоча.За секоја пофалба и предлог решение.