Тома! Квалитет - не само на пораките - ами и бројот на постирани КВАЛИТЕТНИ ТЕМИ. Значи,има членови кои одговараат квалитетно, но ги нема кога е во прашање постирање нови ,квалитетни теми.Не велам дека тоа не е квалитетно,ама сепак се тоа два квалитета. Или има членови кои постираат само прашања,некои само огласуваат ( најчесто продаваат!!) и после неколку * огласи * ,гледаат дека нема * фајде* од Форумот и бегаат од тука! Јас би увел и систем на престанок на членство,ако со месеци некој не се појавува воопшто ,нити да прочита нешто од Форум ,а се води како член! Друго, би го вовел и системот,да се бришат пораки на латиница ,доколку нема членот оправдани причини - странец или е во странство,а не во стил * извинете - од мобилен* ,извинете моментално немам МК поддршка! Значи ,има многу разни моменти и не е толку лесно да се најде решение кое на сите ке им одговара.Ако сакате може да се избришат оние * називи*- стручњак и сл., ама за тоа нека реши членството.Сепак проблемот е во друг правец - започнете да постирате квалитетни и издржани теми и постови.Често пати реагирам ,не затоа што грешите,ами за односот кон другите членови: например - * Имам расипан ТВ апаратт ххххххххх од 1999 година и тој не пали! Помагајте!!* И темата е постирана,а членот не се јавува цела недела!!! И на крај по две три страници постови вели - го најдов кварот - ај чао!!! Или се води разговор и се даваат предлози,што да се направи и како,а членот вели - кои напони да ги мерам!?? Немам инструмент!
Па како мислиш да поправиш самиот некој ЛЕД ТВ апарат,а немаш ни обичен Унимер?? Или велите - кај мене ги нема тие делови!!??? Па запиши кои ги има! Да не се глупираме сите! Значи,ако барате помош,не е проблем дали Админ или некој друг член ке ви помогне,ами проблем е да не стварате непотребни постови и на крај да речеш - е,го фрлив во корпа! Ако мислите дека ве бива да го решите кварот во ред,барајте помош! Ама ,ако очигледно не ги разликувате ниту деловите,не превземајте ризик да го изгубите уредот.Затоа постојат ТВ и други сервиси за електроника.