Author Topic: Потребна ми е помош за сервисирање на LCD монитор LG FLATRON W1946-BF  (Read 1500 times)

Offline Teslakr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 180
Потребна ми е помош за сервисирање на LCD монитор LG FLATRON W1946-BF
« Opened on 20.12.2013, Friday, 18:54:00 (Edited 21.12.2013, Saturday, 20:06:19) »
Значи се работи за монитор LG FLATRON W1946-BF Model No:W1946SW, дефектот на овој монитор е следен, кога ќе го вклучам под напон дава слика околу неколку секунди и се губи при што сигналната лед диода си останува да свети. Прво што ми падна на памет да ги измерам и проверам електролитите за филтрација на напонот +5, при мерењето со еср метар кажуваа солидна вредност и покрај тоа за да се осигурам дека не е до нив ги заменав со нови. Вториот чекор беше да ги проверам дали неонките се исправни, исправни се а тоа го утврдив со поврзување на неонките со универзален инвертер, кога ги поврзав на универзалниот инвертер се запалија и тогаш го вклучив мониторот и си даде нормална слика. Е сега дали дефектот на овој монитор е во самото трафо за неонките, при што забележав при пуштање во работа ќе зазуе и понеколку секунди ги гаси неонките, или можеби нешто друго е причината што доведува до гаснење на самите нив. Јас мислам дека е до трафото IT-007 или dual enhancement mode APM4568. Ваше искуство и мислење?

Offline 007

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
Пред некое време и јас го имав истиот проблем. Мониторот беше ЛГ , ама на моделот не се сеќавм, можеби беше истиот. Го сменив трафото за неонките( го извадив од сличен модел на ЛГ монитор, омски беше исто) и сега мониторот си работи без проблем.

Offline Teslakr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 180
И јас мислам дека е едно од овие две работи трафото IT-007 или dual enhancement mode APM4568. Но немам да пробам со трафо, дали знае некој од каде може да се купи набави дали ново или половно не е ни битно.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ако имаш осцилоскоп, може да пробаш прво да провериш колку струја влече трафото. Во серија со некој од изводите врзи отпорник од 1Ohm, ама некој моќен (2, 3, 5W, колку имаш, толку) и мери пад на напон на краевите со осцилоскоп (мислам на peak на напон) токму пред да изгасат неонките. Пресметај колкава би била вредноста на правоаголниот напон доколку би бил еднонасочен (има online форумули за ова, ако не се снајдеш, пиши, ќе најдам, имам изведувано вакви формули, ама сум заборавил ;D... во ова може да помогне и некој сегашен средношколец или струдент на некој од техничките факултети ;)), па потоа со Омов закон пресметај ја јачината на струјата. Не знам колкава точно би требало да биде, но овие неонки не влечат многу струја (до кај 100, 200mA... нагаѓам искрено, не сум сигурен колку трошат), но побарај online и тоа, би требало и некоја таква информација да начекаш ;). Ако е вредноста значително поголема од онаа која е „стандардна“ за неонки од монитори, значи трафото е проблематично ;). Тогаш со сигурност може да нарачаш ново или да пробаш да го премоташ постоечкото ;). А можеби и некој винклер ќе се нафати ;), кој знае, може дури и многу поевтино да те фати од ново купечко, а квалитетот да биде подобар (најчесто винклерите си ги бираат материјалите, не купуваат Кинески бакар и некои слични работи, си имаат они извори од кои си ја набавуваат робата ;)).

Друга опција е да пробаш со некое слично трафо од некој друг монитор. Можно е да профункционира ;).

Трета опција е да го мериш трафото со тестер за високонапонски трансформатори. Имаше шема во Емитер за ваков тестер, мислам дека беше некој број од 2003-та. Имам чуено дека и со други видови на switching трансформатори давал точни резултати, но, искрен да бидам, немам пробано :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Дали сеуште имаш пристап до мониторот да го решиме проблемот

Offline Gavro

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 62
  • Gender: Male
Значи вака.
Го имам истиот монитор и пред 1 година ми направи така...баш како што напиша ти  ;D
Во мојот случај прво почна се со мало зуење ...потоа едно време ке се појавеше логото лг дека се вклучува и таман да го тргне логото се исклучува екранот а дидодата за сигнализавија си свети  како што пиша ти. Кај мене беше изгорена горната неонка. И еднаш додека го тестирав, кај конекторот за горната неонка ги ставив сондите на волтметарот и одма се вклучи мониторот... Значи изгледа има заштита  :D и кога една неонка не работи се гаси ...волтметарот сигурно ми дошло како потрошувач и се влучува...е сега штом си ги тестирал неонките и они се елиминирани незнам тогаш до што би било, зуењето би дошло единствено  од IT-007   :-\

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
За да провериш дали е до неонката,извади ја и на нејзино место врзи отпорник 1К 1W и ако запали така другата неонка значи до тоа е . ;D

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Напиши кое интегрално е драјвер за инверторот дали е MP1068

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Tрафо ке најдеш во ГАЦ,околу 400-450 денари е мислам.

Offline Teslakr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 180
Проблемот беше до трафото, бидејќи неможев да најдам трафо а на човекот му се брзаше така да си го зеде и незнам што направил.