Да, млаку или повеке сите драјвери го имаат тоа, проблемот е што не се решава ова со еквализација туку со понизок рез во свртницата. На waterfall диаграмот се гледа зошто и не може баш да се реши проблемот со еквилајзер, бидејки иако ке биде намалено како пик, сепак долгата опашка (значително подолгото резонирање) не може да биде скротена со EQ.
Најчесто инжињерите го решаваат ова со спецјални премази, форма на мембраната и др начини, при што барем малку ке го скротат тој резонантен пик. Сепак мора да постои.
Како пример ке го земам алуминиумскиот 4 инчен драјвер на Визатон.
изглед
4 инчен драјвер, помала мембрана но сепак ке се појават брејкап модовите само на повисоки фреквенции
на графикот се гледаат каде се појавуваат тие брејкап модови, при што имаме засилен и високи фреквенции над 5kHz
Waterfall потврдува дека тие се навистина брејкап модови на мембраната. Поголемо времетраење на резонанции над 5кHz