Author Topic: Звучна кутија за бас гитара со 4 баса (10-ки или 12-ки)  (Read 1300 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Звучна кутија за бас гитара со 4 баса (10-ки или 12-ки)
« Opened on 11.12.2013, Wednesday, 00:55:42 (Edited 11.12.2013, Wednesday, 20:01:48) »
Колегата што бараше појачувач за бас гитара ,побара и кутија за 4 звучници ,за бас гитара.Еве еден фабрички дизајн,за 12-ки ( а во заградите димензии за 10 - инчни басови).Кутијата е бас рефлекс и без пресметување на никакви параметри ке свири одлично.Звучниците е пожелно да не се гумирани,или ако имаат сепак гумен амортизер да имаат мал од ( да бидат цврсти).ефикасност барем околу 90-92 дб и фреквенција од 40 Хз   до  1800-1900 Хз.Се спојуваат два по два сериски,а потоа паралелно .Битно е сите да се исти ,со иста омажа.  Не ја дампирајте премногу кутијата : поставете ЛИО стива на задната ,горната ,една бочна и на дното на кутијата .Другото  е  историја.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
ти се наоѓа некој нацрт за cabinet за обична гитара? или истава со соодветен head може да се искористи? :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Звучна кутија за бас гитара со 4 баса (10ки или 12 ки)
« Reply #2 on 11.12.2013, Wednesday, 16:25:07 (Edited 11.12.2013, Wednesday, 21:45:37) »
Ке се најде нешто,но сега сум со лап топ и не сум врзан со серверот  ;D ;D Ова кутија е исклучиво наменета за бас гитара

Споено мислење: [time]11 Декември 2013, 17:24:33[/time]
Еве го нацртот.Само пази,звучникот(или звучниците) треба навистина да бидат за гитара,без импровизација  .Во обзир идат модели на Еминенс,Cелекшн.ЕВ.....