Author Topic: Tweaking на басови  (Read 5318 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Tweaking на басови
« Reply #30 on 25.09.2014, Thursday, 01:45:09 »
во секој случај одамна ме интересира дали може да се направат мембрани од карбонски влакна, сега за сега има од кевлар, ама карбонот е многу поцврст а полесен од кевларот, со тоа мислам дека би се добиле уште подобри резултати.

Не знам за звучници, ама имам видено како се крши карбонски рам за велосипед. Доволно е малку да пукне. Потоа, за максимум еден месец, цел рам е испукан и почнува да се распаѓа. Лесни се, ама не дај боже да паднеш од точак со тој рам... ако пукне, фрли го, само поголем проблем ќе си направиш, може на сред возење да ти се распадне ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на басови
« Reply #31 on 25.09.2014, Thursday, 01:52:57 (Edited 25.09.2014, Thursday, 02:00:44) »
Eве како некои Tweak -уваат басови. Сепак,како што реков ,секој има право да си проба. 8)






Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на басови
« Reply #32 on 25.09.2014, Thursday, 11:43:46 (Edited 25.09.2014, Thursday, 14:13:37) »


Еве, вака некако изгледа ДАМПИРАЊЕ НА ШАСИЈА. Се дампира со ставање на пластелин на ногарките од звучникот, и се заобиколува со селотејп да го држи пластелинот. Има мерна и чујна разлика, најчесто овие тенки шасии имаат обичај да звонат кај 1кхз, па ставањето на пластелин навистина помага.

Бицикле, првин е многу тешко да забележиш разлика без А/Б споредба, треба да имаш идентични (100%) звучници врзани за ист канал на засилувач и во иста кутија да можеш да забележиш разлика.

Токму затоа служат мерењата, се мери истиот драјвер, во истата кутија, на исто растојание. Првин се мери немодифициран звучникот. Потоа се вади само драјверот, мик и кутија остануваат статични. Потоа се прави модификацијата, се враќа драјверот на истото место и иде второ мерење.

Еве графици од мои лични експерименти, Visaton W200 пред и по додавање на магнет плус и дампирање на шасија. Намалена дисторзија и поголем СПЛ. Исфрлање на мал пик кај 1200Hz.



Онаа модификација, со ставање на ткаенина на целиот магнет е РИЗИЧНА И ШТЕТНА ПО ДРАЈВЕРОТ. Преку металната плочка на задната страна од магнетот, се лади целиот систем, и не е паметно да се затвори.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на басови
« Reply #33 on 25.09.2014, Thursday, 14:52:09 (Edited 25.09.2014, Thursday, 15:09:38) »
Сум пробал и така- 2 звучници едниот фабрички другиот со додадени магнети, и тоа некоја лева марка беа, TSS, и двата не свиреа  :) Немаше некои спектакуларни ефекти... А тоа дека шпицот кај 1200 хз ќе го примети некој тешко... барем јас не би... Можда некој ептен препичен филхармониста...
Како што кажа батка, ни убедува некого ни сака да ме убедува некој, не се противам на фактите изложени, само велам дека мене на убо не ми менува ништо магнет- искрено речено не сум дампирал шасија. А друга работа, дали се исплаќа? колку кошта еден додатен магнет? И пак ќе речам зависи на кои звулници- кај поефтините може да има некои минимални ефекти што јас не сум ги забележал.



На пример, ова ќе го дампираш ? нема логика според мене, треба рапидни преправки најверојатно. Зборот ми е со тој труд и динансии ќе земиш подобар звучник.

@giga Баш ме чудиш за карбонот... прават панцири, а имаше демонстрација како на  макета од авионче скока типот и гајле нема, за споредба од нејзе алуминската(алуминиумската) шасија се прекрши. Сепак мислам дека звукот ќе биде многу понепријатен него хартиена или некој си тамо дрвени мембрани...

Инаку премачкувањето со дрвофикс лак итн итн на мембрани не е некоја практика, него на некои веќе заминати звучници, па последна надеж, не е препорачливо туку-така да се шлакаат мембраните без потреба. Мада на бас и не се осеќа многи разлика...

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на басови
« Reply #34 on 25.09.2014, Thursday, 18:57:57 (Edited 25.09.2014, Thursday, 19:05:06) »
Пак читање меѓу редови, тоа е нешто што највеке ме нервира, и одма се прикачуваат работи кои не се ни приближни на темата!
Quote
најчесто овие тенки шасии имаат обичај да звонат кај 1кхз, па ставањето на пластелин навистина помага.

Јас во никој случај не се обидувам да сменам некому мислење, туку ги изложувам фактите.

Предложив 2 модификации кои се емпириски потврдени и сега ако некој сака да модификува басови, овие ги препорачувам.

Тоа не значи дека МОРА да ги направите...од мене толку!

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Tweaking на басови
« Reply #35 on 27.09.2014, Saturday, 15:10:49 (Edited 28.09.2014, Sunday, 05:04:34) »
Не ми се верува што све изначитав. Ама ај ќе си преќутам.

Во врска со карбонот ете едно линкче  ;D

Code: [Select]
http://www.lean-business.co.uk/eshop/18-sound-18nlw9600c-8ohm-18-1800watt-neo-subwoofer-speaker-p-1695.html
И уште едно.