А за пренесување топлина ?
Тоа што го објаснува за тие греачите што се, на тоа мислиш? Искрено, не го дослушав, но да, и јас имам чуено за тие греачи дека се добри
. Не знам дали на форумов прочитав или со некого имам правено муабет
, но да, добри критики имам чуено за нив
.
За пренесување на топлина ликот од видеото тврди дека без проблем разлемувал масивни точки кои биле во спрега со големи ладилници.
Имам лемено
трето раче со оние обичнине Кинески копии на Hakko... значи полно парче железо... така да... рачкиве ќе ме импресионираат само ако можам да лемам радијатори за парно со нив
.
И не е само до рачката. Од моето досегашно искуство, можам да кажам дека оние кои се со обично трафо, не SMPS напојување, генерално земено подобро греат. Знам, нема баш некоја логика, ама такво искуство имам до сега.
Искрен да бидам, не признавам опрема за во работилница ако има SMPS напојување
. Има ситуации во кои е оправдано користење на SMPS-и во опрема за во работилница за електроника, но ајде еве конкретно за лемни станици... мммм... не, не би користел лемна станица со SMPS напојување. Сите знаеме колку им траат компонентите во тие напојувања и колку се нетолератни на преоптоварување. Јас лично, кога станува збор за опрема во работилница, сакам да ја купам или направам и да нема проблем од моментот кога сум ја пуштил во работа, па во наредни 20, 30 години. Знам, сега опрема се менува релативно често, ама барем за лемни станици или леткуми, сигурно не ги менувате секој месец, нели
... или можеби ги менувате
, не знам
, можеби јас сум старомоден
.
Чинам дека е можно да пренесува добро топлина од причина што грејачот му е доста масивен па претпоставувам дека нема туку-така да ја брзо губи постигната температура при лемење.
Да, се сложувам... ќе да е пресудна масивноста на самиот греач.