Author Topic: Управување со уреди со помош на далечински управувач (било каков)  (Read 6621 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Барајки по шемите за ИЦ бариера наидов на една  стара заборавена шема,некогаш многу актуелна и правена.Со било кој ИЦ далечински може да се вклучува/исклучува некој уред  (еден клик вклучува- вториот исклучува) ,а сетоа тоа е индицирано со две ЛЕД.Едноставно.

Offline nenotxx

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
Колеги некако ова интегралецов и ИР приемников каде да се најдат   ??? ги има ли во Гац или пак БТ? или треба да се маткам по нет да порачувам па да чекам ?

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Интегралецот сигурно го има и не е скап, околу 20-30ден., ИР ако не на друго место би требало да го има во логинг, инаку на негово место може да се стави било кој друг ИР приемник предвиден за 38kHz, дури и некој изваден од расипано ТВ или сл.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
овие ир диодите ги има во видеата најчесто :))
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Хмм.. Колеги јас ја напраив шемава али некако НИКС АРБАЈТЕН xD Не работи .. Кога  го приклучувам само едната (црвената) диода свети...  ги најдов деловите значи ништо не импровизирав  од (телевизиски и видеа приемници) тоа приемникот е  ТSOP 1138 А на шемава е 1738  :S и интегралецот исто HCF4017BE незнам дали нешто овие  зезаат што не се оргинал или врска неам :S П.С Не е до транзисторите  нозете и тие работи пошо прво ги проверив па ги ставив и плус и ги заменив да не сум направил евентуална грешка али не :S  

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
треба да провериш дали на пин 14 од интегралецот има некаков сигнал, тоа би било лесно доколку имаш осцилоскоп, провери го распоредот на изводите од овај сензорот да не е поинаков некако
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Како што кажа Девил провери дали иде сигнал на пин 14 на 4017. Може да пробаш и преку 1К отпорник да донесеш + напојување на 14 -ката.При тоа извади го транзисторот и пробај.Со еден допир треба да се промени состојбата и да светне зелената.Тогаш повтори  ја постапката и состојбата треба да се смени ( да свети црвена ЛЕД).Ако тоа е во ред оди понатаму ,провери го транзисторот( дали е исправен ,дали е правилно поставен ,дали е ПНП...).Ако и тоа е во ред,провери ја приемната диода или некој елемент во тој дел,Уредот е повекепати направен и шемата сигурно работи.Дај сликај и стави  на Форум,да видиме ,можеби имаш некаде грешка.

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Слична шема има во последниот или препоследниот емитер, иначе за ИР диодата можиш и TSOP31238 да му акниш, на иста фреквенција работат, 50ден е во алфа бт.

Offline nenotxx

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
Ако може некој да нацрта во некое програмче како би изгледала ППК шемата само да ја принтам и да ја залепам на плочката... :SS пошо вака не ми иде со рачново цртање.

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Како што кажа Девил провери дали иде сигнал на пин 14 на 4017. Може да пробаш и преку 1К отпорник да донесеш + напојување на 14 -ката.При тоа извади го транзисторот и пробај.Со еден допир треба да се промени состојбата и да светне зелената.Тогаш повтори  ја постапката и состојбата треба да се смени ( да свети црвена ЛЕД).Ако тоа е во ред оди понатаму ,провери го транзисторот( дали е исправен ,дали е правилно поставен ,дали е ПНП...).Ако и тоа е во ред,провери ја приемната диода или некој елемент во тој дел,Уредот е повекепати направен и шемата сигурно работи.Дај сликај и стави  на Форум,да видиме ,можеби имаш некаде грешка.

Направив како што ми кажа батка али само свети едната диода  нон стоп кога транзисторот е изваден, а кога е ставен си свети така како што треба со едно ставање едната со друго другата :S  слика не сум во можност да ставам бидејќи УСБ кабелот врска неам кај ми е забатален ...

Споено мислење: [time]20 Април 2013, 17:33:52[/time]
И уште нешто што приметив земав волтметарот и ставам да видам дали до пин 14 иде напон кога свети едната диода (црвената) и другата диода (зелената) и во двата случаи добивам до пин 14  8.44V што мислам дека не е баш логично :S а на излезот имам ставено лед диода  уште една кога свети зелената диода излезот е активен кога свети црвената не е активен :S , а ги менувам која диода да свети а која не со тоа што го откачувам од напојување  и со повторно ставање се пали  едната, па потоа кога пак ќе го откачам и ставам другата диода се пали ..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Прво 8V на пин 14? На шемата е 5V!! Понатаму можно е ИР  диодата да е во ктаток спој и да го држи откочен транзисторот-провери на база колку е напонот! транзисторот е ПНП и види дали е исправен и поставен правилно.Откачи го транзисторот на влезот и преку отпорник од 1К донеси + напон.Ако е 4017 врзано во ред и исправно флип флопот мора да работи,Види дали 4 и 15 се добро споени!Не стави монтажна шема да видиме да не имаш грешка во поврзувањето.Значи диодата,транзисторот и ИК се проблем,освен ако е се наоколу (пасивните елементи) во ред.

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Братче 5в е точно шемата во право си али јас го напојувам со 9В батерија :D  и малце е испразнета транзисторите 1000 пати ги сменив те обратно те вака те така не и не и не евентуално да е тоа ИР приемникот зафркнат нешто али има и отпорник пред него така да  незнам дали би можело да го изгори дека го напојувам од 9в  у пм :S Иначе нормално со донесување +  на 14 си се мењаат состојбите на диодите :S А сеа едино утре да зеам транзистори нови само. Интегралецотт и проврзувањето на околните елементи се океј 1000% 100 пати проверив! 

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тогаш,братче сликни ја убаво плочката од двете страни да видиме каде грешиш.И стави си ти 5 V, преку стабилизаторче,а не некои испразнети батерии!!??? 8)

Споено мислење: 22.04.2013, Monday, 00:25:26
Ако велиш дека со + напон се менува состојбата на флип флопот смени го ПНП транзисторот,потоа оној елко 100мФ и диодата.Секако,исправно ли ти е далечинското? ;) 8) Имав еднаш таков случај- не работеше далечинското ! ;D

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Иначе колеги најдов што е работата т.е мислам дека е. Отиден е ( изгорен) ИР приемникот на еден даташит видов дека работи од 2.5В до 5.5 В а јас имам 8, нешто така да нов ИР приемник ќе земам па ќе ви кажам што сум направил секако интегралецот е океј он трпи и 9в па нагоре слободно :D За слика ќе ставам батка само да го пробам уште ова и кабелчето да го побарам во мешанијава од кабли, 100% немам утка во шемата при цртањето на плочата ама  како викаат србите никад не кажи никад :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па да ти кажам уште кога рече на 8V си го работел уредот мислев да ти речам дека си ја прегорел диодата,ама ти велеше си испитал и ок била! Рече имала отпорник ;D ;D Па се е школа,ајде најди друга и пробај,а ако сакаш со 9 V батерија ,стави стабилизатор 7805 и готова работа.