И јас сум да се пишува литературно на форумов, затоа што, за среќа или не, со повеќето со кои сум комуницирал(не само овде) обострано сме се потрудиле да најдеме некој јазик на кој ќе ни биде лесно да се разбериме. Па да правам муабет со некој од куманово преведувачи ќе ни требаат и нему и мене. Така и на форумов, кога ќе дојде некој и кога ќе види дека сите пишуваме литературно, од култура барем би требало да се потруди правилно да пишува.
Е сега како на темава, повеќе се фативме за "ладњакот" него за ладилникот.Затоа мислам дека треба некако поинаку да се дејствува за литературата.