Author Topic: Проблем со терморегулатор GEFRAN 400  (Read 4511 times)

Offline 007

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
Проблем со терморегулатор GEFRAN 400
« Opened on 20.10.2013, Sunday, 21:58:21 (Edited 20.10.2013, Sunday, 22:28:54) »
    Терморегулаторот работи нормално се додека да се активира излезниот релеј. Откако ке се активира  температурата на дисплејот моментално пага за десетина степени.Релето работи на 5в. Го откачив релето  од плочата и работи нормално. Кога ке светни индикацијата дека е вклучено релето( а релето извадено) температурата ја показува нормално( не пага ). Дали има некој идеја што е проблемот?

Code: [Select]
http://www.processparameters.com/400-Manual.pdf

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
А имало приклучено уред за терморегулаторов кога било релето монтирано на него и кога се јавувал тој пад во температурата?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Дали е релето преку транзистор врзано на уредот? Може ли некоја слика да ставиш на плочката?

Offline 007

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
Se izvinuvam sto pisuvam latinica, pisuvam od drug kompjuter bez mk poddrska. Znaci termoregulatorot se ponasa isto so i bez potrosuvac, a releto e vrzano preku tranzistor. Paralelno so releto staviv dioda, bidejki nema, no sepak isto.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Според кажаното веројатно се јавува некој пад на напон која ја ремети границата на покажување на температурата.Не знам каква сонда користиш ,немам ниту представа за овој твој терморегулатор,не сум го видел нити чул до сега.Покушај да го замениш побудниот транзистор на релето.Може и да ѕирнеш кој е,ако те нанесе натаму патот.Значи дај некој поопипливи податоци бидејќи вака гледано решение не е можно,освен ако некој веќе имал работа со овој терморегулатор.

Offline 007

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
termoregulatorot  koristi J tip na sonda. Ke probam da gi zamenam elektrolitite vo napojuvackata sekcija, ako ne uspee , ke namestam optotrijak i trijak na izlez.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Со среќа нека ти е,ама вака излезе -сам прашаш-сам си одговараш. 8) Јас се уште нема никаква представа за твојов термометар,бидејќи освен моделот не добив скоро никакви други податоци.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во упатството за користење на уредот прочитав дека уредот користи микроконтролер. Ај провери кои му се напојувачки пинови (ова би требало да биде најочигледно, а ако користи некој од кој може да се најде datasheet online, и од datasheet-от може да се види кои се пиновите за напојување) и постави мерни клеми на нив во случајот кога е монтирано релето на плочката. Провери колкав е напонот на краевите на пиновите за напојување кога ќе се вклучи релето и пред да се вклучи релето. Би требало да се јави разлика (пад на напонот).

Во user manual-от најдов само монтажна шема од уредот. Терморегулаторов користи класично (трансформаторско) или SMPS напојување?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ова испадна ние да бараме по нет шеми,да бараме и предвидуваме кое напојување се користи... ДАвајте,ве молам повеќе и конкретни податоци.Зар треба да го пребарувам цел гугл,за да дојдам до податоци за терморегулаторов?

Offline 007

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
   проблемот  е решен.Фала на сите што помогнаа со советите што ги понудија.
Сигналот од сондата оди на LF412, кој се напојува со +/- 5V . Kako што ме упате ГИГА ги измерив напоните и забележав дека напонот на LF412 е +4,9/ 5.0V , а кога ке се активира релето е +4,1/5.0V.
ги сменав кондензаторите и проблемот се реши.