Author Topic: Ferroxcube Soft Ferrites Design Tool 2010  (Read 2258 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ferroxcube Soft Ferrites Design Tool 2010
« Opened on 04.10.2013, Friday, 16:02:27 »
Не верувам дека оваа програма би им била многу корисна на оние кои рачно планираат да прават калеми. Повеќе е наменета за индустриски дизајн на калеми бидејќи при пресметките враќа назад параметри кои и не се многу баш корисни и важни за DIY заедницата. Нема слики од феритните јадра кои сте избирате да ги користите при дизајнот, а и Data sheet копчето не е многу корисно бидејќи програмот претпоставува дека сте ги симнале сите datasheets од сите јадра на Ferroxcube и дека ви лежат некаде на HDD, па пребарува низ вашето HDD, а не online :S. Непрактично ако ме прашувате мене. Исто така, GUI-то не е некако интуитивно. Изработен е од Ferroxcube, што значи дека може да пресметувате калеми само за јадра изработени од Ferroxcube :S. Софтверот е пишуван во VB, што значи дека зависи од определени VB библиотеки кои инсталацијата ги инсталира, но тоа значи и дека тешко може да се направи транспортен програмов без додатен софтвер, како што е ThinApp (ако фалат тие библиотеки на машината на која планирате да го подигнете програмов, нема да се подигне :S)... непрактично според мене, повеќе сум наклонет на програми кои не бараат инсталации и се по self contained, како што се повеќето Delphi и C++ апликации. Кратко кажано, не сум баш некој fan на VB или .NET ;D. Mали се апликациите, ама ги немате потребните runtimes... софтверот не се подига :S.

Сепак, не е се црно ;), има добар Help, прилично опширен каде што е објаснета секоја функција на програмот, па ако некој сепак реши да го користи, најверојатно ќе го најде она што му треба во Help-от ;).


download links:

Code: [Select]
https://app.box.com/s/uk9xd7h34s52nqgz6mms
Code: [Select]
https://www.megacloud.com/s/7eC5K1N4g75/Ferroxcube_Soft_Ferrites_Design_Tool_2010.rar
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."