Author Topic: mini Ring Core Calculator 1.2  (Read 1435 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
mini Ring Core Calculator 1.2
« Opened on 03.10.2013, Thursday, 18:18:24 (Edited 03.10.2013, Thursday, 18:27:56) »
Со ова програмче можете да пресметувате број на намотки за калеми изработени со стандардни феритни или железни тороидни (прстенести) јадра (AMIDON), Ferroxcube (Philips) јадра, SIFFERIT (EPOCS) јадра, воздушни јадра и за јадра од непознат материјал, под услов да ја знаете вредноста на AL израена sво nH/N2 (број на намотки на квадрат). Исто така, може да ја пресметува и отпорноста на бакарната жица со која се мота калемот за зададена должина и дебелина на жицата, резонантна фреквенција на паралелно LC коло (може да пресметува и вредности на L и C за зададена резонантна фреквенција), а содржи и калкулатор за пресметка на AL и магнетната пермеабилност на јадрото ui. Можете да бирате дали сакате да работите во метрички систем (mm, cm) или во Англиски (Британски) систем (inch, foot, AWG), но апликацијата има и посебен калкулатор за конверзија меѓу метрички и Англиски мерни единици.

На пример, нека ни е дадено железно (powdered iron) јадро со надворешен радиус 20.2mm, внатрешен радиус 12.6mm и висина 6.35mm со црвена боја. Според стандардите, ознаката на ова јадро би била T80-2 или T-80-2, ќе има вредност на AL од 5.5nH/N2, а материјалот од кое е изработено јадрото е Carbonyl E. Притоа, сакаме да направиме намотка со индуктивност од 500uH. Софтверот ќе ни врати назад дека треба да намотаме 302 намотки, потребната должината на жицата би била 614cm, а дебелината на жицата треба да биде 0.13mm (за еднослојна намотка). Ако должината на жицата ја внесеме во калкулаторот за отпорност на жица, ќе добиеме дека отпорноста на овој калем би била 8.438R при температура од 20oC. За поголема вредност на температурата, ќе се смени и отпорноста, но и ова може да го пресмета калкулаторот за отпорност. Така, при температура од 85oC, калкулаторот пресметува дека отпорноста на жицата ќе биде 10.522R. Слично се внесуваат вредностите и се добиваат пресметки и за калем со торусно феритно јадро.

Еве screen shots од пресметките.






download links:

Code: [Select]
https://app.box.com/s/h5fmiydhpzhyobpnqlbh
Code: [Select]
https://www.megacloud.com/s/93C4xpfde6i/mini_Ring_Core_Calculator_1.2.rar
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."