Затоа постојат уреди како ЕСР метар со кој се мерат електролитите.Ако не е подуен,не значи и дека е добар електролитот.
Ова е можеби еден од најдобрите инструменти кои помагаат како прва помош...Особено доколку при рака се нема осцилоскоп, или ако работиш на терен...
Пример осцилоскопот не треба секојдневно, треба при поспецифични дефекти, зборувам за сервисирање на ТВ-а, а инструментчево е одлично и помага 100% и тоа за електролити од 1 до 470 микрофаради...
Он топик...Разгледај ги електролитите во секундарот на телевизорот, има 5, 6 електролити, смени ги сите ако немаш инструмент, провери во ХИС-от треба да има некое електролитче од 10 микро, 4,7 микро 160 волти...тие се електролитите кои страдаат најчесто...