Јас колку што имам читано, LCD панелот е една компонента, а електрониката/драјверите за палење/гасење на пикселите на LCD панелот другата компонента. Е сега ако е самиот LCD панел расипан - свесна сум дека нема чаре. Јас мислев дали ќе може да се поправи електрониката/драјверите.
Да, токму така, LCD панелот е „една компонента“ (не е баш една, но во принцип, деловите од кои е направен се неразделни), а електрониката за контрола е друга работа (не е составен дел од LCD панелот). Врз база на опишаниот проблем, мое лично мислење е дека LCD панелот е проблематичен, но, како што пиша batka, не можам со сигурност да кажам без да видам.
Дополнително, имам надеж, бидејќи иако на почеток по вклучувањето многу неквалитетно работи целиот екран во големи сегменти, по извесно време (како што објаснив) се подобрува сликата.
Најверојатно LCD панелот да се загрева и постигнува работна температура, па да се подобрува контактот на местата каде што има лош контакт.
Јас би препорачал да побарате во Македонија ако некој продава полу исправен или неисправен ваков телевизор и да видите дали е исправен LCD панелот. А инаку, ако нарачувате ваков панел online... може да ве фати многу скапо... практично неисплатливо. Во секој случај, не е лошо да го пишете моделот на LCD панелот (треба да го отворите телевизорот за да го видите бројот, ако не знаете кој е бројот, бидејќи можно е да има повеќе ознаки, букви, бројки, итн., најдобро е да ги сликате оние делови од панелот на кои има било какви ознаки и да ги post-ирате сликите на форумов), можно е да може да се најде заменски или адекватен модел тука во Македонија, или евентуално online, но не од официјалниот сервис на Sony, како што пишав, ако го купите панелот директно од Sony, најверојатно ќе биде многу скап, заедно со shipping, а можно е и на граница да заглави... кратко речено, можно е да има еден куп проблеми ако се нарачува online, без разлика дали е од официјален дистрибутер на Sony или од некоја no name Кинеска фирма.
ПС: Само сакав да напоменам уште еднаш дека токму тоа што во VideoData не ви дале никакво решение за проблемот со вашиот телевизор, ме наведува да мислам дека проблемот е во LCD панелот.