Дали легално смееш да го снимаш разговорот, не знам, но знам дека ако и двете страни се свесни дека разговорот се снима и дека се согласуваат да се снима разговорот, не би требало да има проблем. Од овде следува дека и ти можеш да го снимаш разговорот, но пред да почне разговорот со операторот, да му нагласиш дека разговорот го снимаш и да го прашаш дали се согласува да биде снимен разговорот
.
А околу процедурите, времето и нервите... само ќе кажам дека во оваа држава, ако не се развикаш по телефон, пред претпоставено лице, ако не дигнеш џева, ако не се појавиш на телевизија, ништо не се свршува. Истото важи и за АЕК
. Конкретно, на мој близок пријател, без никакви процедури, без никакви формулари, само со еден прилично гласен и нервозен телефонски разговор со АЕК, во рок од половина час му се средија сите проблеми кои ги имаше со неговиот интернет провајдер
. Се разбира, претходно, во рок од неколку дена, имаше барем 10-тина нервозни и гласни разговори со некој оператор од провајдерот (можеби на почетокот не беа гласни, ама како што поминуваше времето, а проблемот не се реши, го разбирам, човекот веќе изгубил нерви и почнал да се дере по телефон
... „кај им плаќаш, згора на тоа мајтап си играат со тебе
“... ова беа негови зборови). По половина час, некој претпоставен од провајдерот му се јави за да му каже дека проблемот е среден
.