Во архивата има 3 фајлови што ги направив за Cadsoft Eagle кој се ставаат во фолдерот cam на Ealge и со повикување на еден од фајловите преку менито CAM можите да креирате фајлови со изгледот на вашата ППК плочка во postscript формат кој е векторски и е со точни димензи. Вака изработение фајлови потоа се печатат за да можи да изработите ППК.
Фајловите се креираат во вашиот фолдер каде што се наоѓа проектот и се со исто име како отворениот фајл само со <име на отворениот фајл>_B.PS за долната страна на ППК и <име на отворениот фајл>_T.PS за горната страна на ППК.
PS Bottom.cam За изработка на долната површина од плочката.
PS Top.cam За горната површина на плочката доколку има водови.
PS Double.cam За двослојни ППК плочки, каде има водови од двете страни.
Тестирани се фајловите на 6.3 и 7.2 верзија од програмот но би требало да работат на сите верзии 6 и 7.