Најди го L4959 на плочката за напојување. Може да е и на посебна плочка, не знам, не ја разгледав до толку добро шемата. Треба да е во Multiwatt 11 куќиште, како на сликата.
Делот од шемата во кое е колото е на следната слика.
Потоа, измери напон меѓу пинот 1 и пинот 6 од интегрираното коло (ако не знаеш кој е пин 1, а кој пин 6, симни datasheet од колото, ќе видиш кој е). Би требало напонот да биде 12V. Ако е напонот 12V, залеми го плусот од кулерот (црвената жица) за пинот 1 (или било кој малку подебел вод поврзан со пинот 1 од колото), а минусот од кулерот (црната жица) за пинот 6 од колото (GND). Минусот од кулерот можеш да го врзеш и за било која GND точка од системот, но кога веќе лемиш во негова близина, зошто да не го врзеш и тоа во негова близина
. Препорачливо е да ги залемиш жиците од долната страна на плочката и да не бидат баш врзани за колото (на лемните точки на IC-то) туку на некои лемни точки кои се поврзани со IC-то... да не случајно се скинат дел од лицните од лемната точка и да не направат спој со останатите лемни точки од IC-то
. Значи, препорачливо е во близина на лемните точки за кои се залемени жичките од кулерот, да нема други лемни точки. Најдобро е ако можеш да најдеш празни лемни точки по тие два rail-а (+12V и GND) или евентуално, ако се доволно дебели водовите, по средината од двата да избушиш две дупчиуња низ плочката со бургија од 0.7 или 0.8mm, да го изгребеш од озгора заштитниот слој на водовите и жичките да се монтираат од горната страна на плочката (не од страната на водовите) и само да се залемат од долната страна
.
Ако евентуално не дава напон од 12V на пинот 1 (можно е да дава само кога ќе правиш eject на CD tray-от или евентуално при пуштање на касета, овој пин е за напојување на моторите од системот, па можно е да се активира само кога ќе се стисне некое копче за активирање на моторите, односно да не е активен цело време), пробај и измери дали има напон на пинот 11 од колото. Ако таму има напон од 12V, на тој вод пробај и монтирај го плусот од кулерот. Но, не преправај плочки веднаш
. Прво измери дали кулерот влече многу струја
. Измери го напонот пред врзување на кулерот, кога системот е „прилично активен“ (си пуштил музика, радио, ова она) и измери го откако ќе го поврзеш кулерот. Ако напонот се разликува за повеќе од 100 или 200mV, не го монтирал кулерот на овој излез. Премногу струја влече од овој rail и може да го изгори L4959. Ако не паѓа напонот, а L4959 не грее значително многу (не многу повеќе од претходно, пред да го врзеш кулерот, и тоа не е лошо да го провериш, колку грее пред и по поставувањето на кулерот), тогаш може до некаде да се каже дека е сигурно да се остави кулерот да работи на тој rail
.
Можно е да се јави брум во аудио сигналот поради кулерот. Ова се решава со пригушничка LC мрежа
. Но за ова подоцна, прво провери дали може да се врзе како што пишав
.