Бидејќи не се разбирам од машини за перење, можеби ова прашање ќе звучи глупаво, но како се активира вентилот за вода, преку реле или преку триак? Во било која од двете ситуации, ако станува збор за микроконтролерска контрола, еден од пиновите на микроконтролерот се користи за давање на командата (сигналот) за активирање на релето/триакот. Дознај дали тој излез ја менува својата вредност ако се активира определена програма за перење, и ако се менува, дали ја држи таа вредност константа цело време (за времетраењето на програмата). Ако е ова точно, тогаш да, имаш проблем со софтверот во микроконтролерот. Ако можеш да најдеш EEPROM dump од софтверот, можеби и ќе може да се оправи машината за перење
. Ако микроконтролерот не ја менува состојбата на пинот за контрола на релето/триакот при пуштање на определена програма, а вентилот сепак се пушта, најверојатно имаш проблем со околната електроника за контрола (оптокаплер, транзистор или комбинација од двете... се зависи од тоа како е изведено активирањето на вентилот/вентилите).