Туториали... слабо. Книги има еден куп, ама ова не е обичен линеарен режим на работа. Импулсен е, така да, треба да имаш познавање и од импулсна електроника. Овие книги се најчесто со академски каратер. Дизајн на SMPS не е исто како дизајнирање на напојување со линеарен трансформатор.
Имам нешто читано околу проблематиката и можам да кажам дека сеуште не се разбирам доволно за да давам совети за вакво нешто. Мало зголемување на напон (до кај 15, 16V на излез) може да се постигне и без премотување, но толку големо зголемување не бара само премотување на трафото. Можно е да бара и менување на полупроводнички компоненти, како и излезни кондензатори. И бројот на намотки не се пресметува линеарно. Има доста фактори кои влијаат врз бројот на намотките, а како најважен е switching фреквенцијата и типот на материјал од кој е направено јадрото (поделени се во класи).
Еве, јас нешто од оваа книга имам читано
.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10403.0