Ја пробав шемaта со PL504, прво со обично мрежно трафо 230/28V на излез, фалеа дел од басовите и високите, после ставив излезно трафо ама со 5к/8оми импеданса (иначе треба 800/8 оми), звучеше доста подобро и погласно и на крај му закачив еден стар ама квалитетен 800 омски звучник директно без излезно трафо, со него звучеше најдобро, типичен топол лампашки звук, добри басови и високи. Го пробав и со слушалки според другата шема, добро работи и со нив. Потрошувачката на колото е околу 300mA.