Еден мој пријател пред некое време ми донесе еден полнач за 6v ,2A да му го поправам .
Полначот е едноставен со две диоди ,наместо грец искористени се две диоди (трафото е 2x6v) на двата извода се поврзани диодите(незнам што диоди немаа ознаки) кон + и средниот извод е земен за маса(Полубранов насочувач).
Беа прегорени,па ставив 1n5408,бидејќи такви имав дома,тие се за 3А.
Сега пак ми го донесе и вика дека му мирисало нешто.
Приметив дека диодите греат многу ако приклучат две акмулаторчиња од малите 6V 12Ah.
Така со два полни со 2,8А.
Земав диоди за 6А но пак се јавува истиот проблем ...
Јас мислам дека неможе така да се полнат два истовремено,а тој ме убедува дека фабрички полначот бил за да полни два па сакам да слушнам ваше мислење околу ова .(плус на куќиштето од полначот пишува дека е 2A).
Поздрав