Author Topic: Проблем со излезите на DVD плеер LG LH-T6440  (Read 1060 times)

Offline robertdimov

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Проблем со излезите на DVD плеер LG LH-T6440
« Opened on 12.06.2013, Wednesday, 15:32:42 (Edited 12.06.2013, Wednesday, 16:16:42) »
Здраво .Оддамна го имам овој проблем со моето двд.Излезите се изгорени..го носев на мајстор и ми кажа дека не може да се направи ..Има ли шанси да се направи и дали можам сам да го направам тоа..Аматер сум во електрониката..ако не може ќе се договориме некој од вас да го поправи..благодарам однапред..позз

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Треба прво да установиш дали се навистина изгорени или не. Можно е и само некоја излезна компонента да е изгорена. Но ова не се установува само со обичен мултиметар, а бара и определено знаење од принципот на работа на засилувачи во D класа, како и некоја додатна мерна опрема.

Има ли овој DVD плеер линеарни излези за аудио сигналот? Ако има, си проверил ли дали на нива дава сигнал?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline robertdimov

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Нема линеарен излез... :-\

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ништо... тоа е тоа.

Е сега, прашањето е дали сакаш да пробаш да го правиш. Ако имаш мултиметар и сигнал трасер и си поправал до сега аудио опрема, имаш шанси, ако не повеќе, барем да установиш дали навистина се изгорени излезните засилувачи.

Друга опција е, ако воопшто не сакаш да се замараш да го правиш, само да му додадеш конектори за линеарните излези (RCA конектори) и да користиш друг екстерен засилувач. Линеарниот сигнал се зема од конекторите кои одат кон засилувачкиот степен. Лесно се гледа тоа од шемата (за среќа, може да се најде сервисна докментација бесплатно online за DVD плееров).

Трета опција е (повторно, ако не сакаш да поправиш излезниот степен) да му направиш нов излезен степен со некои интегрирани засилувачи. Проблемот со оваа солуција е тоа што можно е да се оптерети напојувачката секција, па да се случи да изгори напојувањето на DVD плеерот :S. Во D класа засилувачите (како што ги има овој DVD плеер) имаат прилично голем процент на искористеност на моќност (над 90%), што не е случај со „обичните“ засилувачи (засилувачите во AB класа), така да, ќе треба малку да се „поддимензионира“ новиот излезен засилувачки степен (да не дава толкава моќност колку што давале оригиналните засилувачи во D класа), а ќе треба да се најдат и адекватни ладилни тела (оние од SMD пакувањата на засилувачите во D класа најверојатно ќе бидат премали).

Изборот е твој.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
ако ти се изгорени излезите тие се познаваат на штампата ногарките им горат поцрнети се на тие места и напон ке немаш на напојување таму 30 и нешто волти.На тие двд  им страдаше PS со по 20-тина нозе  во еден ред коцкаст е пишува PS (сигнал процесорот)и некои бројки има пишано тоа е сигнал процесорот.Ме интересира само едно дали имаш напон 30и нешто волти,оштрафи го хладњакот од излезите види дали има поцрнети нозе -скинати од чиповите ако нема и ако имаш напон 30 и повеке на напојувањето сигнал процесорот не ти чини.Пробај после вака на изгаснато упали го и одма држи го копчето стоп на него треба да јави INTALIZING да се угасне и после упали го и види може ке тргне.