Почитуван JovanOH,
Вие ни кажавте дека се работи за DC мотор за работен напон од 9VDC.
Меѓутоа, не специфициравте каков е моторот по изведба/тип? Дали е со четкици, дали има возбудни/побудни намотки или е со природни магнети, дали е без четкици (со магнетни сензори),.... и т.н.
Истотака, под "контрола на вртежи", лесно е да се направи контрола на вртежите под константно оптеретување на моторот, која контрола ќе се задоволи со едно рачно подесување на вртежите.
Но во случаеви на променливо оптеретување на моторот, е многу посложена тема.....каде што без автоматизирана контрола, би се свело на постојано рачно менување на контролата (вртежите) за да се одржуваат констатни вртежи при различни оптеретувања ...
Напонот и струјата низ моторот се зависни меѓу себе (случно на коментарот на malkjos), и при промена на едното се менува и другото. Дополнително, со промена на оптеретувањето, вртежите како и во зависност од типот на изворот на електрична енергија на кој е поврзан моторот (контролерот), пак се менуваат напонот/струјата на моторот (макар и кажано како ефективни вредности на напон и струја).
Шемата што Ви ја приложи malkjos, е убава, и квалитетно работи кај DC мотор со перманентни магнети и четкици (проверено). При што повторно ако се промени во поголем дијапазон оптеретувањето на моторот, последица е промана на вртежите. При зголемување на оптеретување, вртежите опаѓаат.
P.S.
Една од постарите методи за контрола на вртежи, ако се посакува одржување на константни вртежи при променливо оптеретување, е со мерење (сензори за) вртежи на моторот, кои "вртежи" како сигнал се носат како повратна врска во контролерот.
Поздрав,
mkfe.