Многу пати со некои членови на Форумов сум се спорел на ова тема - Thiele-Small параметри. Често пати ме прозивале како сум бил против нив! Во секој случај ,како што рече и Дока 90% од параметрите и од мерењата нивни ,се сведуваат на прорачун на димензиите на кутиите.
Цитирам:
Renomirani proizvođači najčešće daju prilično iscrpan spisak parametara za drajvere koje proizvode i to se u barem 90% slučajeva uglavnom odnosi na dubokotonske drajvere, takozvane "woofer"-e jer se od prilike isto toliki procenat celog proračuna (ako ne i više!) odnosi na proračun kutije u kojoj će raditi woofer.
Значи,се слагаме дека параметрите го даваат волуменот на кутијата и нивната пресметка се однесува само на вуферот.
Е,за да поедноставам јас направив една проста табела која го прикажува соодносот на големината на басот ( во инчи ) и волуменот на кутијата.И да земете да мерите ,или ако сакате побргу да ги видите димензиите ( волуменот) на кутијата во табелата - резултатите се скоро исти.
Значи,дури дозволив,ако Qts е релативно низок да се намали волуменот на кутијата со тоа да се зголеми овој параметар до пристојни граници,ако за тоа има разумна процена ( пример намалување на димензиите на кутијата поради неможноста за физичко сместување,транспорт итн.)
При градба на звучна кутија не смее да се занемари и разместувањето на високотонецот и евентуално среднотонецот,ако кутијата е тросистемска.Постојат правила и мерења каде ,на кое растојание треба да се постави високотонецот во однос на вуферот .Поедини конструктори дури прават и поместување на површините за да дојде до правилно фазирање на басот и високотонецот,Ова значи дека високотонецот се сместува во посебна кутија која се поставува малку поназад од кутијата на басот.За среднотонецот е најдобро да се постави ( затвори) во посебна кутија-во-кутија за да се спречат несакани резонанции.
Значи се слагам дека самите звучници,макар колку да се скапи,не одлучуваат дали кутиите ке бидат High-End.Мајсторијата на градителството се состои од избор на материјалот,неговото сечење,лепење,склопување,финишот,дампирањето,монтажата....
И на крај - свртниците.Сметам дека се многу битни и на нив не треба да се импровизира и штеди.И уште - усвирувањето - подесувањето,слушањето со денови,менување на компоненти,додека звукот не му легне на увото.
Најбитно е - што сакате и како сакате да го слушате за вас вистинскиот звук .