Сакам да изработам некакво озвучување, комплет и појачало и звучници некаде околу 100-200 вати да биде, па што би ми препорачале, некоја проверена шема да биде, да не биде многу скапо..
Значи не сакам некој квалитет, битно да биде ефтино, со достапни делови, и проверено.
Појачало и два звучника. Без вуфери и такви работи. Претежно би го користел за забави, дали дома или некаде надвор, а поретко за слушање музика (тивка). Бидејќи нема ваква тема, би ве замолил тие што се разбираат во аудио техника (батка, маки и др) да ми препорачаат некоја шема.